![makronnn](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/makronnn.jpg?resize=300%2C183&ssl=1)
Франција меѓу директно подгодените земји е најподготвената за последиците од истапувањето на Велика Британија од Европската унија без постигнат договор, иако ќе мора да ги забрза подготовките и да преговара со Лондон за риболовот, рече пред пратениците францускиот претседател Емануел Макрон.
На вонредната седница во петокот, британските пратеници со 344 „против“ и 286 гласови „за“ го отфрлија Договорот за излегувањето од ЕУ кој премиерката Тереза Меј по две години напорни прегововри го испреговата со челниците во Брисел. Тоа значи дека Велика Британија сега има рок до 12-ти април да ги изнесе алтернативите и да побара подолго одложување на излегувањето за да не се случи тоа да биде без договор.
„Доколку ќе нема договор на 12-ти април, ќе се случи тврд брегзит со сите последици. Во тој случај ќе се забрза завршната фаза од подготовките, но ние без сомнение сме најподготвената земја меѓу директно зафатените“, од процесот предупреди францускиот претседател Емануел Макрон кусо пред британскиот парламент по третпат го отрфли предлогот на Меј.
На прашање на пратениците од северните делови на Франција за проблемите на тамошните рибари кои рибарат во британските води, Макрон рече дека за тоа прашање е покренат дијалог со британската страна.
Во Европската унија на сила е Заедничката рубарска политика којашто им овозможува на сите европски пловила пристап во риболовните зони на другите земји членки под услов да ја почитуваат квотата за уловот. Но со брегзитот, британската влада има намера да го поврати својот поморски суверенитет и контрола над своите территоријални води, кои се големи и полни со квалитетна риба.