Дневен хороскоп (30-ти март 2019)

ОВЕН

Работа: Промените и важните случувања кои ги очекувате нема да стапат на сцена денеска, па важно е да бидете трпеливи.

Љубов: Вечерните часови ви се поволни за нови љубовни случувања со личност која ви се допаѓа.

Здравје: Проблеми со притисокот.

БИК

Работа: Очекувајте дека ќе добиете поддршка за да можете да ги реализирате сите идеи кои ги имате.

Љубов: Ве очекува понуда за необврзувачка врска, но постои голема шанса, сепак, да не сте заинтересирани.

Здравје: Чувствителни стопала и зглобови.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ќе успеете да остварите она што сте го имале во план и ќе бидете горди на себе и на своите способности.

Љубов: Можно е да не сте сигурни дали партнерот и натаму има исти чувства кон вас и дека нервозата ве убива.

Здравје: Ќе ви годи прошетка.

РАК

Работа: Во текот на денешниот ден ќе имате некои мали компликации на ова поле. Ќе ви треба време сите работи да ги решите.

Љубов: Подготвени сте на саканата личност да и покажете колку ви значи и дека сакате стабилна иднина.

Здравје: Добро.

ЛАВ

Работа: Ви доаѓа значајно подобрување, а наскоро ви следи и напредување на кое долго сте се надевале.

Љубов: Доколку сте имале некои проблеми со љубомората или недовербата во партнерот, ќе успеете да го решите денеска.

Здравје: Имате многу енергија во себе.

ДЕВИЦА

Работа: Немате доволно доверба во работниот колектив и поради тоа имате желба некои работи да ги сокриете од своите колеги.

Љубов: Посветени сте на својот партнер и многу ви е важно тој на некој начин да ви ги потврди намерите кои ги има.

Здравје: Добро.

ВАГА

Работа: Може да добиете помош од личност која и порано ви помагала околу работните проблеми.

Љубов: Ви се допаѓа личност која сте ја запознале преку пријатели, па пробувате да и се приближите.

Здравје: Генерално добро и немате проблеми.

ШКОРПИЈА

Работа: Очекувајте дека среќата ќе ви се насмевне и ќе имате можност да ги решите сите работни проблеми.

Љубов: Ново познанство наскоро ви доаѓа. Може да очекувате поволен ден за љубовни случувања.

Здравје: Водете сметка околу срцето.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Можно е да не сте задоволни од работното опкружување и дека наскоро ќе почнете да барате нова работа.

Љубов: Пред вас е поволен ден за љубов, особено ако веќе имате партнер. Може да бидете задоволни.

Здравје: Водете сметка околу очите.

ЈАРЕЦ

Работа: Не е претерано поволен ден за вашата работа. Имате проблеми и компликации кои не ги очекувате.

Љубов: Време е да се соочите со грешките кои сте ги правеле со занемарувањето на партнерот.

Здравје: Мали проблеми со стомакот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Подготвени сте за важни чекори на работното поле. Надевајте се на поволни пресврти.

Љубов: Ве очекува добра атмосфера со саканата личност. Двајцата сте расположени за романтични и нежни моменти.

Здравје: Водете сметка околу синусите.

РИБИ

Работа: Максимално сте посветени на работата и ќе направите се што можете да успеете да ја подобрите вашата заработка.

Љубов: Доколку ви се допаѓа некоја особа која сте ја запознале претходните неколку дена, наскоро ве очекува средба.

Здравје: Водете сметка околу штитната жлезда.