Уште една супериорна победа на Вардар над Загреб во ЛШ

Иако конечнот резултат 32:30 не го одразува востонскиот сооднос на теренот во најголемиот дел од натпреварот, ракометарите на македонскиот шампион Вардар одигра уште еден одличен натпревар во Лигата на шампионите и забележа нова победа со 32:30 против хрватскиот првак Загреб, со што остварија убедлив пласман меѓу осумте најдобри екипи во Европа.

Вардар во четвртфиналето најверојатно ќе игра со унгарскиот првак ПИК Сегед, кој има предност по првиот дел со Висла Плоцк и треба формално да го одработи реваншот.

Откако во 15 минута Парондо направи „хокеарски измени” и во игра ги внесе, Скубе, Горбок, Војводиќ, Кисељев, Борозан, Шишкарев ништо не се смени во играта. Вардар продолжи да доминира, а оние што беа на теренот „скокаа на глава” за секоја топка, се бореа лавовски без разлика што разликата беше три до четири гола. На полувреме Вардар замина со „плус 6″ за водство 19:13.

Доколку „вардарци“ не се опуштија во второто полувреме, ќе беше ова уште една убедлива победа над најголемиот регионален ривал Загреб, кого пред пет дена на негов терен го совладаа со девет гола разлика. Вардар имаше водство и од „плус7″ (22:15), кога се чинеше дека дуелот е завршен. Но гостите достојно ги бранеа клупските боеи и ги искористија измените во домашниот тим и падот во играта со неколкуте загубени топки и нереализирани напади. Предноста полека се топеше и во 57 минута ППД Загреб првпата израмни на 30:30. Потоа во помалку хаотичната завршница следеше вториот гол на мечот на Скубе, и во последната минута и гол на Шишкарев.

Во редовите на Вардар во листата на стрелците се впишаа биквално сите играчи, а ги предводеше Чупиќ кој реализираше девет удари од седум метри, а го следеа Дибиров и Карачиќ со по три погодока. Кај гостите 11 голови постигна Хорват, исто така, речиси сите од пенал, а Буриќ постигна пет погодоци.