Попладнево нов пожар кај одморалиштето Крани во Преспа, за среќа брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Ресен бил брзо локализиран и спречен да се шири, пренесе телевизијата ТВ21.
И овој надлежните велат дека се работи за човечки фактор.
Пламените јазици во Националниот парк Галичица се намалени, заштитните појаси кои во текот на денешниот ден се правеа со цел заштита од проширување и заштита на туристичките населби беа од голема помош за локализирање на пожарот.