Македонскиот филм „Жената која ги избриша своите солзи“ ќе биде прикажан на годинешниот Kански Филмски Фестивал во пропратната селекција на Visions Sociales.
Visions Sociales фестивалот преку десет години е партнер на Канскиот фестивал и во оваа престижна пропратна програма ги селектираат општествено ангажираните филмови и организираат дебати и разговори со цел актуелизација на горливи општествени теми кои се обработени во овие филмови. Жената која ги избриша своите солзи ќе ја отвори оваа селекција на 17 Мај во 21 часот, а на отварањето ќе присуствуваат Викторија Абрил и Теона Митевска.
После „Јас сум од Титов Велес“ кој во 2009 беше прикажан во селекцијата АСИД ова е втор филм во историјата на македонската кинематографија кој после премиерата на еден од најпрестижните фестивали во светот Берлинскиот Филмски Фестивал својата француска премиера ја има на Канскиот Филмски Фестивал.
„Жената која ги избриша своите солзи“ до сега патуваше на над 50 фестивали насекаде низ светот, а кино дистрибуција имаше во Германија, Белгија, Словенија, Србија, Босна, Црна Гора, Македонија.
Следниот месец филмот ќе биде прикажан во Сицилија на филмскиот фестивал Terre di Cinema, како и на Дубица Филмскиот Фестивал.
„Жената која ги избриша своите солзи“ во месец Јули ќе ја започне и својата телевизиската дистрибуција започнувајќи со прикажување во Србија ТВ СТУДИО Б.