
На влезот од зградата на Владата вечерва е поставенна плочата со новото име Република Северна Македонија.
Името „Влада на Република Северна Македонија“ е преведено на три јазика, на македонски, албански и англиски.
Таблата со новото уставно име е поставена еден ден пред посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, прв грчки премиер кој доаѓа во официјална посета на државата од осамостојувањето.