Државјанин на Бугарија беше осуден на над три години затвор во американската држава Мериленд, поради кражба на близу 55.000 долари од банкомати, пренесоа американските медиуми.
Четириесет годишниот Божидар Лазаров, кој живее во Чикаго, користел скиминг уреди, што се инсталираат во процепот за банкарските картички на банкоматите и ги запишуваат податоците на клиентите, наведува „БТА“.
Лазаров се изјаснил за виновен за банкарска измама и кражба на идентитет и посочил дека тој и неговиот брат, Стојче Лазаров работеле заедно. Стојче Лазаров (41) исто така се изјаснил за виновен.