
Дваесетина преставници на невладините организации „Македониум“ и „Преродба“ со протест пред владата го пречекаа грчкиот премиер Алексис Ципрас, пренесува „Слободен печат“.
Со развиорени знамиња со Вергина тие порачуваат дека единствено име на државата е Македонија и дека жителите се етнички Македонци.
Ципрас го нарекуваат фашист и велат дека не е посакуван овде. Според нив, Заев немал никаков легитимитет за да го потпише Договорот од Преспа и да преговара во името на македонскиот народ.
Демонстрантите велат дека Договорот е неважечки и ќе биде соборен. За Заев велат дека е безрбетник, а дека Грција ги прогонува Македонците на нејзината територија, објави „Слободен печат“.