Тетовец пријавен дека ја принудувал сопругата на проституција

Млад жител на тетовско село е пријавен од сопругата дека во изминатиот период од речиси една година во повеќе наврати ја принудувал на сексуални односи со други лица, за што добиените пари морала да му ги предаде нему, информираше во вторникот Министерството за внатрешни работи.

Се додава дека СВР Тетово поднело кривична пријава против 29-годишниот И.И. од село Горно Орашје, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“.

На 26-ти јануари минатата година во Тетово, пријавениот договорил средба со лице од Косово и ја однел неговата сопруга во зграда, каде таа на лицето за паричен надомест му дала сексуални услуги, по што парите му ги предала на пријавениот.

На овој начин, пријавениот во неколку наврати ја принудил својата сопруга да дава сексуални услуги, по што таа го пријавила во Полициското одделение Теарце.