Загина цело семејство од Бугарија при падот на авионот кај Солунска Глава

Татко, мајка и две деца загинале попладнево при падот на малиот авион „цесна“ некаде околу врвот Солунска Глава во Македонија.

Поради лоши временски услови, авионот се обидел да слета на скопскиот аеродром, но, потоа пак се упатил кон Софија.

Неофицијално, станува збор за:

  • Бошнаков Ангелов Георги (1970)
  • Бошнакова Георгиева Гергана (2005)
  • Бошнакова Георгиева Билјана (2000)
  • Корнајева Цонева Калина (1972)

Авионот, со германски регистрации, полетал од Охрид за Софија. Остатоци од авионот веќе биле пронајдени некаде на планината Јакупица. Се очекуваат повеќе информации за овој случај.

Поради лошите временски услови вечерва е прекината потрагата по остатоците од авионот „цесна“ П210Н со германски регистрации (D-EUIB). Потрагата ќе продолжи утре.