
Оваа држава може да оди напред само ако сме сите заедно и ако сите одиме напред. Не може дел да одат напред, дел да назадуваат. Толку малку сме, толку малку луѓе останаа овде по сите голготи и долг период од триесеттина години транзиција што ако не ги собереме сите креативни сили на едно место, не може да фатиме чекор со модерниот свет, порача вечерва од средбите со граѓаните во општина Центар, кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.
Посочи дека тој и тие што застанале позади него нудат чекорење напред, за разлика, од како што рече, кандидатот што го подддржа опозицијата кои нудат назадување.
-Тие зборуваат за поништување на Договорот од Преспа и Законот за употреба на јазиците. Тоа значи сигурен рецепт за назад, а ние многу добро знаеме што значи назад и како беше во изминатите години на нивно владеење кога живеевме во неправди и темнини, рече Пендаровски.
Според него, се случува млади да заминуваат и од земјите членки на ЕУ и НАТО, како Хрватска на пример, но вели, тие тоа го прават бидејќи имаат избор а не се приморани.
МИА