Силјановска: Без владеење на правото нема ниту просперитет ниту економија

Жените доаѓаат, Македонија има искуство, повеќегодишно искуство дека мажите се на власт. Навистина не е многу за фалење да речеме дека 38% во парламентот се жени, сериозна бројка. Духовното, креативното е во нас, кај нас жените. За некои работи не можете да правите компромис, немате право, не сте овластени, нешто што сте наследиле треба да го пренесете. Нешто што без кое вие не сте таа која сте или тој кој што сте, не можете да го договарате или да го преговарате. Но најважното мислам дека тезите за качување на последни возови и стигнување пред портите на Брисел и слично се нелогични за мене. Подобро е ние овде Македонија, европска да ја градиме, да ја препознаваме, да не се оди со Ориент експрес кон Европа, туку на поинаков начин и мислам дека треба да се осврнеме на она што се вика Копенхагешки критериуми, изјави кандаидатката за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова и додаде:

„Без владеење на право не може да има ни просперитет, ни економија, не може да има сигурно ни демократија. Без квалитетна администрација костурот на државата не можете да правите реформа, не ќе продуцирате клиентелизам, непотизам, впрочем тоа е нашиот амбиент. Без битка со криминалот и корупцијата не се оди напред, дури не може ниту да се развива економијата. Се разбира дека понатаму без сузбивање на непотизмот нема крај. Ние станавме скандалозна земја и крајно време е да се зафатиме на поинаков начин да ги решаваме прашањата.“

-Кога велам жена, жена, жена, не сум ја направила јас кариерата како жена, иако за нас велат дека мораме да докажеме дека сме вредни а зад секој успешен маж се криело и биле предоредени за политика, а жените иако политиката е во женски род, треба да докажат. Јас ќе ја практикувам, ако ме изберете претседателската функција на еден поинаков начин, да речеме веќе еднаш сум рекла не знам зошто само еднаш годишно се обраќале во минатото мажите и тоа обично пред нова година, не јас мислам 12 пати да се обраќам пред парламентот , не за да покажам колку сум силна жена и дека им конкурирам на мажите, туку да ги предупредам дека како претставник на граѓаните имам обврска да укажам на лица со посебни потреби, со посебни проблеми, на ромска заедница, на здравствени работници, на пензионери, на егзодус на младите, пораките ќе бидат упатени до пратениците, но преку нив всушност и до граѓаните од кои ми извира легитимитетот, потенцира Силјановска.

Подвлекува дека секогаш ќе го штити уставот:

„Вето нема да ставам за да се покажам исто дека сум силна, туку секогаш за да го штитам Уставот и законите и ќе побарам да го образложам ветото, пред пратениците всушност да чујат граѓаните зошто ставам вето. Нема да делам одликувања и признанија на партиски и на политички луѓе, зошто ако се најде наградата на вистинското место кај некој кој што симболизира креација, уметност, знаење, тогаш луѓето ќе речат ако инвестирам во себе имам шанса како најдобар да се најдам на најдоброто место и нема зошто да заминувам надвор. Во сите органи дали е тоа Совет за безбедност ќе препознаете луѓе со биографија, луѓе со знаење, зошто чуму ви е некој кој не е критичен за безбедносните прашања во Македонија. Истото го мислам и за Уставниот суд, погледнете дали ние имаме Уставен суд, немаме. Имаме неуставен суд. Каде е Уставниот суд досега колку пати до сега требаше да реагира.
Значи Гувернер ли е, тука признавам дека имаме извонредна особа, Гувернерка на Македонија, значи на тој начин ќе се однесувам. А, Уставот ни стана како кувар со странски рецепти.“

-Но парализирана ни е демократијата и јас како некој што живее и стои за уставното право гледам овде некои од луѓето кои можеби се најзаслужни или највиновни зошто јас влегов во сево ова. Не знам. Едното го мислам ама ме убедија, нив им верувам, жени се, еве ги зад вас стојат. И никогаш нема да го заборавам нивното влијание на мене. Кога ми е тешко одма ми се враќа во мислите, ќе формирам уште во стартот една група од македонски и странски експерти по уставно право и самата стотици страници сум напишала за проблемите во македонската демократија. Ние и немаме вистински систем на поделба на власта, какви проблеми видовте имаме со кому да се довери ветото, дали е на правото место, кому да се довери мандатот. Дали ветото е какво што треба, прашања од кои што зависи како ќе функционира оваа земја, вели Силјановска и подвлекува:

„За да е ирелевантно дали е ВМРО на власт, дали е СДСМ, ДУИ или БЕСА да си функционира државата сама по себе. Без процедура нема демократија. Јас ќе се обидам еве што и да се случи тоа да го направам, на мој начин и мислам дека тоа ќе остави траг. Дека е така ми кажуваат дописите од студентите. Јас нив најмногу им верувам и велам дека вие сте бунтовници и со причина или без причина. Јас ве заразувам со критичко мислење. Ако не сте бунтовни нема ни наука, нема ни добро новинарство ако не сте критични. Од тоа ништо не бега. Затоа јас реков кактус сакам да сум.“