Пендаровски: На Заев ќе му бидам камшикар, а кога тој ќе зборува јас ќе молчам бидејќи ние двајца сме потполно исти 102,5 посто

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски го потсети премиерот Зоран Заев на неговата изјава дека ни треба еден „камшикар” од Брисел кој ќе ни каже кои демократски стандарди да ги употребуваме за да напредуваме.

Пред насобраните граѓани, Пендаровски му порача на Заев дека со него како претседател ќе има и внатрешен „камшикар”.

Како ова да не беше доволно, Пендаровски посочи дека кога Заев зборува тој ќе молчи, односно дека немало потреба да зборува зошто истото ќе го каже.

Кога Зоки е тука, ја немам потреба да зборам, бидејќи сме исти 102,5%, потполни исти, рече тој.