Навистина ми е неизмерливо, неизмерно задоволство да ви се обратам зошто времето бара да размениме мисли, зошто времето е едно од најголемите невремиња во Македонија. Претпоставувам дека и во Неготино се чувствувате како што се чувствуваме сите ние ширум Македонија. Не сакам да рецитирам, меѓутоа не можам, а да не кажам нешто. После заборавот или после избегнувањето да се интонира химната на Република Македонија, мислам дека нема човек во оваа земја кој се чувствува добро. Се разбира, не верувам дека тоа е случајно, ниту дека причината е во доцнењето на авионот, не, во доцнењето или во непостоењето на патриотизмот лежи причината а патриот мора по дефиниција да биде некој кој извира од вас или кој води сметка за вас, за нас.
Ова го истакна вечерва од Неготино кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова.
Тие луѓе како да се срамат од химната, не, тие се плашат всушност да ја испеат химната. Зошто? Зошто во нашата химна е нашата историја, нашиот идентитет, нашето минато ама и нашата иднина. Се лажат ако мислат дека со заборавот да ја интонираат химната која е основниот симбол на Република Македонија дека ќе го удоволат гостинот од Грција, не, никој не ги почитува оние кои не се почитуваат себеси, никој не ги почитува оние кои забораваат да бидат патриоти, чуен грчкиот патриотизам, ама глеткава овде зборува и за македонски патриотизам. Додека сте вие овде и додека ние сме живи химната ќе биде со нас. Се разбира, можеби тие нема да ја интонираат ама идната претседателка на Република Македонија нема да застане пред ниту еден странец ако прво не ја чуе химната на Република Македонија. Срамота е да заборавиме дека химните не случајно се создавале, тие секогаш одвлече рака под рака со државата Македонија. Никој не се запрашал, никој не споменал, никој не помислил на АСНОМ дека некоја друга песма може да биде нашата химна, никој. Тоа е песната на нашите партизани, тоа е песмата на оние кои умирале за Македонија, и замислете сега ние доживеавме оној кој што треба да се колне во химната зошто таа е за Македонија, да ја заборави. Мислам дека дури веројатно создал недоверба. Сигурно се чуди дури и господинот Ципрас каков ли е овој премиер кој се му исполнува што ќе побара, па дури и да не ја интонира химната за да не го навреди. Се фалат со европеизација, не критикуваат дека сме анахронизам, дека живееме во минатото, дека не гледаме кон Европа, дека не сме способни да градиме пријателства, дека ги отвориле портите на Европа а ние им ги затвораме. Тоа не е точно. Во Европа не се оди без владеење на правото, во Европа не се оди потонати во криминал и корупција, во Европа не се оди на сицилијански начин со формираните фамилии при вработувањето. Не, европски живеат само тие, тие живеат во Брисел, а народот што го гледам овде крај не може со крај да врзе и се разбира меѓу вас најмладите над речиси 58 проценти, слушам деновиве уште повеќе порасна процентот, размислуваат кога, каде и како да заминат, одвај ги чекаат европјанитезошто тие тие се исто толку образовани, умни и креативни како нив ама овде никој не се бори за нив. На првото прашање зошто си заминувате од Македонија, тие велат: нема живот во оваа земја, рече таа.
Професорката истакна дека СДСМ на власт дојде со паролата „за живот“, а нам животот ни е загрозен.
Не само заради високите концентрации на загаденост туку и заради валканата политика со која што се фалат. Ако мандатот, половина од мандатот на 26 министри, замислете само во предлагањето, одобрувањето, прифаќањето на решенија што не сме ни ги сонувале дека ќе ни се случат после толку години, после 75 години самостојна и независна Македонија, сигурна сум дека остатокот од времето доколку останат а не мислам дека ќе останат, ќе им помине во исполнувањето на ветеното, а што е тоа? Секој ден гледаме, дел по дел од нашиот идентитет се обидуваат да ни го земат. Всушност и еден мој колега во момент на искреност во Солун напиша: Ние грците успеавме во пониовата историја да сториме нешто што никој не успеал, да го редизајнираме идентитетот на соседот, но и на нивните предци и на нивните идни генерации. Да ја смениме нивната историја, нивната култура„. Тоа е искреност од грчка страна. Но нашиот премиер и оние околу него велат дека сме го зајакнале идентитетот. Ако продолжат вака ќе ни се случи да шетаат по Македонија со контроли и да гледаат дали сме ги симнале дали сме ги тргнале спомениците кои на секој чекор ги гледаме, артефактите од античкото минато. Прашањето е зарем може да заборавите дека она по што газите, она во што уживате, она што го гледате дека е ваше, не, ние професорите по право велиме, според правото меѓународно, според нормите на УНЕСКО, се што е на ваша територија е ваше, се што е на наша територија е наше. Ние не само што сме должни да го чуваме тоа, туку и УНЕСКО ние вели дека треба да се грижиме за културното богатсво и наследство. Како може кога газите по Хераклеа или по античкиот театар или Стоби да не верувате дека тоа е дел од вашата историја. Често пати велам, никој никогаш кога настанувале нациите и државниот во 19-от век не се закитил, не го одбрал името Македонија и Македонци, знаел дека е зафатено, зошто ние сме потомците на тие луѓе. Намерно се користам со зборовите на моите колеги Грци. Еден од нив чуен професор американски вели „Ние Грците себе се перцепираме како најстара нација на светот, но всушност сме млади, млади колку и сите други нации, настанавме во 19-от век со ослободувањето од Отоманската Империја. Ако ним ова име им било толку важно ќе се наречеле Грци, истото важи за сите наши соседи„. Значи ние, и кога сме немале држава сме биле македонци, односно се создавала македонската нација како процес. Тој процес бил крунисан кога сонот станал реалност, на АСНОМ во далечната 1944 година. Ништо не сме украле од некого, од никого, ништо не сме позајмиле од никого. Тоа е нешто што е неразделно од нашиот идентитет и ние имаме право неприкосновено и должност кон нашите предци и кон нашите идни генерации да го сочуваме името и идентитетот и да им го предадеме. Тоа не е неевропски чин. Модерна Европа е Европа на нации, посочи таа.
Силјановска Давкова порача дека Обединетите Нации се друштво на нации и дека сите нации имаат право на самоопределување, имаме и ние.
Нема самоопределување без име, без знаме, без химна , без устав. Тоа сме го имале и тоа ќе си го повратиме на правен начин. Не, ова не е национализам, иако можеби звучи така. Не , тоа не е национализам, национализам е да му го негирате на соседот правото на самоопределување, да го прекрстувате соседот. А национализам е непостоење на национална свест да се согласувате со тие барања, тоа го прави сегашната власт. Заборавија дека до неодамна, до минатата година, до пред неколку години, до далечната 90-та година го говореа истото што го говоревме и ние. Не знам кога беа вистинските. Сигурна сум дека се во конфузија бидејќи го прават и го говорат она во што не веруваат. И за нив мислам дека е исто толку болно газењето на достоинството како и за нас, само што тоа не го признаваат. А сигурна сум дека кај сите други народи, кај сите други нации, кај сите други соседи тоа можеби се вели дека е во интерес на европеизацијата, меѓутоа всушност имаат или наидуваат на презир. Ние тоа нема да го дозволиме, ние ќе укажеме дека сме рамноправни со сите други и дека во Европа не се оди само со потпишување на веќе напишани договори и преговори надвор од мандатот, туку се оди со европски реформи. Ние знаеме што ќе сториме, се разбира Европа и европските стандарди ќе ги препознаете преку нашите реформи. Ние знаеме дека без владеење на правото нема стабилност, нема демократска консолидација, туку остануваме закопани, заглавени во бескрајната транзиција која тие се уште ја живеат. Јас знам дека не само без владеење на правото, туку и без жестока борба со расцветаниот криминал и корупција кои не поплавија на сите страни, не може да се оди во Европа. Со нивната администрација нестручна и некомпетентна, непотистичка, партиска, политичка, не може да се градат реформи и европски стандарди. Не, таа и таква администрација шири клиентелизам, корупција и криминал. Затоа сме овде кај што сме. Слушаме деновиве дека повторно ќе се соочиме со некоја чудна евзоповска формулација бидејќи доаѓа моментот кога ќе бараме одговор на прашањето па нели работата е завршена, Преспанскиот договор е птпишан почна спроведувањето, ајде сега да ги почнеме преговорите за ЕУ. Не верувам дека ќе ги почнеме преговорите за ЕУ, не само затоа што ЕУ си ги решава сопствените проблеми, самата се редизајнира, туку затоа што никаде ги нема Копехагеншките критериуми. Нема просперитетна економија, нема почитување на правото, нема правдина, нема етика. Не, тоа не се европски карактеристики. Значи повторно ќе добиеме некоја условна покана која што треба да ги охрабри нив да ги до извршат превземените обврски. Но во меѓувреме набрзо доаѓаат претседателските избори, ние знаеме дека треба на нив да се излезе, како што не требаше да се излезе на референдумот и не само да се излезе туку да се порази претседателскиот кандидат на СДСМ. Всушност срамота е кариера да градите на кокетирање со македонскиот народ сиве овие години, да тврдите дека невозможно е без консензус да се постигне договор со Грција а сега да тврдите дека консензусот е рамномерен, симетричен, дека тој ни овозможувал чекорење кон Европската унија, порача таа.
Силјановска Давкова истакна дека луѓе кои секој ден ги менуваат ставовите, луѓето кои и самите не знаат кои се, луѓе кои не помнат што зборувале не можат да бидат добри државници, ниту добри претседатели.
Само они кои што знаат што кажале, само оние кои што се држат до светиот збор, само тие го почитуваат зборот, само тие кои што не само што мислат на Господа тука мислат и на клетвата на народот, ќе ги исполнат сите ветувања. За жал тие ги заборавија, но ние ќе ги потсетиме како исполнувајќи ги ветувањата кон вас. Го имате мојот збор и држете ме за зборот, ако скршнам од него јас сама ќе си заминам. Изборите се важни, не за јас да станам претседателка на оваа држава, мојот живот е успешен, во струката сум реализирана, меѓутоа многу пати велам ние морам да имаме одговор за прашањата на оние кои најмногу ги сакаме и ќе ги сакаме кога ќе не прашаат како што ние прашуваме зошто сте молчеле за Ченто, зошто сте молчеле за Шатев, зошто сте молчеле за Брашнаров, зошто не знаевме кој е Владимир Полежиновски секретарот на АСНОМ, доктор на правни науки на Сорбона, творец на декларацијата за слободите и правата на АСНОМ на која и се восхитуваат сите западни теоретичари. Тоа нема да го дозволиме. Ние отворено ќе кажеме дека ја превземаме одговорноста макар и да не се согласуваат со нас и да не убедуваат дека има нешто поважно од името, од идентитетот, од татковината. Нема.Честопати за да им покажам дека грешат и дека ние сме во право, дека сме на патот на правдата цитирам славни личности. Секогаш сум се восхитувала на еден чуен драматург ирски Бернард Шо, можете ли да замислите во 19-тиот век тој вели дека јас сум либерал, кој што се бори за Ирска, Финска и за Македонија, на прашањето зошто, затоа што на овие народи им беше најтежок патот во добивањето на признание и сопствена држава, е тој човек вели дека се можете да смените во животот ама само татковина не може да смените. Татковина без химна и идентитет нема.Го имате мојот човечки и женски збор, моето ветување, нашата женска интуиција дека победата на претседателските избори значи отворање демократски порти за нова парламентарна коалиција создадена врз основа на предвремени парламентарни избори, реле таа.
Силјановска Давкова порача: „Немојте да ги бојкотирате изборите, ќе останеме надвор. Однадвор не се решаваат проблемите но внатре двете глави, претседателската и онаа премиерската, и онаа на новата влада ќе се справат со она што го наследивме со она што се срамиме на правен начин, не со сила“.
Ние ќе бараме луѓе кои ќе ги разберат нашите аргументи за кршење на задолжителното меѓународно право и Уставот на Република Македонија. Ние ќе имаме аргументи еден одговорен Уставен суд поинаку да постапува. Ние ќе имаме аргументи меѓународната заедница не само да биде практична и прагматична туку да не чувствува рамноправни за аргументите и да се подразмисли дали навистина она што му се случува на еден народ, на една нација и на држава во 21-иот век не е, во тоа сум сигурна. И сигурна сум дека заедно ќе можеме сето она што не боли да го направиме да го претвориме во предност на патот преку реформи да стигнеме до Европската унија. НАТО е претпоставувам на прагот, основната причина е геостратешка, се разбира дека за нив склучувањето на договорот беше претпоставка. Но, моето прашање е ако и НАТО се заснова на истите критериуми и се повикува на кои и ЕУ иако НАТО исто така беше стратешки интерес на сите претходни влади, па и на партијата што застана зад мене, тогаш дали е ова влегување или приближување за некој месец до НАТО само нивен успех, дали е тоа врзано само за потпишувањето на договорот, што со оние критериуми што не ги исполнувале. Можеби сте ме чуле, честопати велам дека во овие 30-тина години главно бевме соочени со една игра што ние ја нарекуваме морков и стап, кога ќе сторите нешто што е практично и прагматично ама ве боли, бивате наградувани со еден чекор напред, но морковите како да се изедоа, а стаповите како да се искршија, бидејќи ние веќе оцврснавме. Ние можеби сме за момент паднати на колена од една битка но секогаш се креваме и мислам дека овој пат ќе се исправиме за да можеме да ги исправиме сите неправди кои што ни ги направија. Почитувани граѓани само две три реченици за она што јас ќе го направам како идна претседателка на свој начин. Јас имам почит кон претходните претседатели, помнам нешта кои тие ги сториле, доброто ќе го продолжам но мислам дека предизвикот на времето бара промени. Промените доаѓаат и со тоа што јас сум жена и слушам во еден спот ми велат дека машки велел како жените не лажат. Мислам дека има и жени што лажат и мажи што лажат, но ако овие 30 години во Република Македонија главно на власт беа мажите мислам дека мажите исто така би сакале да видат еден поинаков начин на практикување на власта. Ние жените дома најчесто ги водиме сите министерства од оние за социјална политика и труд, преку здравство, до образование. Ја учиме школата на управувањето на менаџирањето, кога сте способни да донесете живот на светот, се разбира секогаш со умен, достоинствен љубен и почитуван маж, тогаш умеете да го почитувате животот. Тие кои дојдоа на крилјата на измислицата дека носат живот не можат да го разберат ова. Но, ние сакаме да си ги задржиме децата дома, да не бегаат по Светот, а веќе реков тие не бегаат само по повеќе пари, туку бегаат заради правна неизвесност, затоа што погрешни луѓе се на вистински места. Ако претседателот се опкружи со прави луѓе, луѓе со ум, со знаење, со посветеност, со чест тогаш и тие ќе останат овде затоа што најдобрите ќе бидат на најдобрите места. Ако јас ги убедувам студентите дека вреди да се знае, дека знаењето е сила, дека знаењето е најдобра инвестиција, тоа ќе го практикувам и како претседателка, ќе видите. Од судиите на Уставниот суд двајца до тројца во Советот за безбедност, до гувернерот иако имаме инзворедна гувернерка, до признанијата и одликувањата, до амбасадорите во Светот, нашата слика сите ќе бидат регрутирани врз основа на стручност и компетентност, за да ја бранат патриотски Македонија, за да веруваат затоа што знаат, а не затоа што лажат. Јас дури мислам дека нивните претставници надвор во погрешна слика не претставуваат, зошто нивната слика е сликата на оние кои што ги именуваат, а таа слика не е македонска слика, таа слика не е убава слика ние ќе ставиме крај на тоа. Ме потсетивте, мора да создадеме држава заснова на стандарди, па дури и ако дојде до промена на власта државата да функционира, ние да речеме ние ги поставивме темелите на независното судство, ние ги поставивме темелите на собрание навистина дебатира, кое ја слуша опозицијата, кое не вежба брз прсти при донесувањето на законите, кое се држи до процедурата бидејќи таа е гаранција за демократија, кои пратеници кои мислат на граѓанските интереси а не на сопствените интереси, јас како претседателка на обраќањата ќе ги потсетувам на сите категории на граѓани, на најранливите, на најспособните за да може народот да изврши демократски притисок. Секогаш ќе ги почитувам Уставот и законите, ветото ќе го употребувам за да манифестирам авторитет и посветеност кон вас, а не сила. Таа држава ќе биде по ваша мерка зошто јас ќе бидам модератор на граѓанските интереси, а не на политичките и партиските. Мило ми е што истото ова го повторува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, мислам дека доаѓа времето на вистински реформи, реформи кои ќе ја водат и ќе ја доведат Европа во Република Македонија, порача таа од Неготино.