Напорите на францискиот претседател Емануел Макрон со построга полициска тактика да одоговори на антивладините протести наиде на уште пречка, откако во четвртокот Уставниот суд го отфрли еден од централниот елементи на новиот закон.
Мерките, воведени како одговор на протестите на движењето Жолти елеци кои поттикнаа насилни безредија последните шест месецеи, веќе предизвикаа отпори и во самата партија на претседателот Макрон, и остри критики од страна на опозицијата.
Мерките вклучуваат давање овластување на полицијата да бара демонстранти и им забранува прекривање на лицето, што се најконтроверзните делови од кои сега ги одобри и Уставниот суд.
Меѓутоа, судот го отфрли членот од законот кој на полицијата ѝ дава право да упати забрана на секој кој претходно е идентификуван како проблематичен. Судот во изјавата наведува дека мерката е преширока и дека не одредува дека лицето би морало да биде особено насилно и деструктивно на претходни протести за да се смета за закана за јавниот ред.
И самиот Макрон по жестиките критики се приклони кон опозициските политичари барајќи од Уставниот суд да го преиспита законот. Тоа претставува негов обид да ги смири левото крило на неговото парламентарни мнозинство и ја истакна чувствителноста на новиот закон и непријатностите во партиските редфови поради скршнувањето надесно по безбедносните прашања.