Во судирите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источноукринската област Доњецк загинаа 49 лица, соопшти денеска прес-службата на регионалната управа.
„Од почетокот на масовните судири во регионот на 13 март, вклучуваќи го и периодот на криминалната насилна операција во областа Доњецк загинаа 49 лица”, се вели во соопштението.
Од регионалната служба додаваат дека 245 лица се здобиле со рани од огнено оружје и се хоспитализирани.