
Политиките на актуелната власт се за отворање на портите на Европа наместо тунелот во кој етходно се наоѓаше државата, рече во Берово претседателскот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски,.
„Власта мораше да донесе тешки одлуки и компромиси за да отвориме порти кон Европа. Претходно бевме во тунел и се вративме 30 години назад. Дојде генерација политичари кои решија да не ги ставаат под тепих проблемите и по цена на популарноста застанаа здраво и донесоа клучни одлуки да излеземе од балканската изолација. Свртевме нов лист на помирување, кажавме доста е делби, и решивме дека нема да се оди напред ако не се направи консензус за отворање на вратите кон Европа“, рече Пендаровски.
Се осврна на проблемот со иселувањето, за што рече дека ќе бил надминат по влегувањето во Европската унија, а како пример за решавањето на иселувањето Пендаровски ја наведе Бугарија, која спроед него по влегувањето во ЕУ има процент од 5,6 невработеност.
„Верувам дека за кратко време и нашата земја како што тоа се случи во Република Бугарија ќе ја намали таа стапка на невработеност. Тоа ќе се случи со довршување на работите за пристап во НАТО и ЕУ. НАТО гарантира безбедност на границите и пошироко не само кај нас. Штом тука имаме гаранции ги отвораме фондовите на ЕУ. Ако во јуни ги отпочнеме преговорите имаме огромни фондови во делот на земјоделието. 120 милиони евра само претходната година вложи во субвенција. Ако станеме држава која преговара тое средства ќе се зголемат. Јас мислам дека подобра опција од оваа и од безбедносна и економска причина
нема“, убедуваше Пендаровски.
Рече дека од другата страна, неговите политички опненти нуделе „рецепт за конфликт“, бидејки велеле дека сѐ што сторила актуелната власт, тие „ќе го вратат назад“
Претходно во петокот Пендаровски на средбите со жителите на општините Чешиново – Облешево и Пехчево рече дека со евентуалното добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, државата ќе користи 900 милиони евра годишно за развој, голем дел за земјоделството, затоа е важно земјата да продолжи напред.
„Нема веќе враќање назад, отвораме нови перспективи за младите, сите сложно и заедно да одиме напред. Претходната власт нѐ врати 30 години назад, Груевски не раскара со сите соседи, сега немаме отворено прашање со ниту еден сосед. Ние не бегаме од решавање и на најтешките проблеми. Влезот во НАТО и ЕУ носи безбедност, просперитет и нови работни места. Затоа, да обезбедиме просперитетна иднина за нашите деца и внуци“, додаде Пендаровски.