Сингапур ја зголемува границата за пензионирање

Премиерот на Сингапур, ли Хсиен Лунг, најави дека наскоро ќе се усвои Законот за вработените според кој границата за пензионирање ќе се зголеми од 64 на 67 години. Премиерот, зголемувањето на границата за пензионирање го објасни со фактот што наталитетот во државата е помал од потребната работна сила.

Сингапурската економија е една од најдобрите во Азија. Во Сингапур се вработени 3,5 милиони луѓе, од кои 30 отсто се странци.

Над 70 отсто од сингапурците ги подржуваат владините политики  за лимитирање на бројот за странски работници.

Премиерот Ли најави и дека државата ќе ги субвенционира фирмите кои ќе ги задржуваат вработените до нивната 67-ма година.