
Во Полициската станица Центар, вчера во 9:30 часот, од екипа на Итна медицинска помош било пријавено дека на булеварот “ВМРО“ во Скопје, на автобуската постојка, при интервенција на повик дека имало женско лице на кое му се слошило и паднало.
Била констатирана смрт без траги на насилство.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдено е дека починатата е Б.Д.А.(67) од Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.