Актуелната власт не исклучи од системот, времето за нас Ромите како да се враќа назад кога немавме никаква вклученост во системот, напиша по повод Светскиот ден на Ромите, 8-ми април, преку свој статус Ерџан Демир го искажа своето незадоволство во името на сите Роми од оваа власт предводена од СДСМ и Зоран Заев.
На денешен ден во 1971 година се одржа првиот Светски конгрес на Ромите во Лондон. Еден од најважните историски датуми за ромската заедница на конгресот се сретнаа петставници на Ромите од 14 земји во светот. На конгресот беа донесени неколку важни одлуки. Знаме, химна и јазик. Знамето на Ромите е меѓународно знаме на ромскиот народ. Официјалната химна е Џелем Џелем. На првиот конгрес беше и за официјален прогласен ромскиот јазик како и терминот „ром“. Од овој ден во цел свет, овој народ почна да биде познат под името Роми.
Сметам дека со проблемите со кои се соочуваме како Ромска популација се уште сме на исто ниво, иако се имплементирани голем број на проекти донесени се повеќе одлуки стратегии за Рими, но некако таа слика многу тешко се составува. Актуелната политичка ситуација во државава не стави во сенка, имам чувство дека државата полека но сигурно станува би-национална. Ние не сме вклучени во ни еден процес во државата и немаме можност да го искажеме нашиот став за одредена проблематика, иако сме еднакви сите пред уставот и законот. Актуелната власт не-исклучи од системот на институции немаме Роми на раководни институции, немаме министри, немаме директори на управи и претпријатија. Некако времето за нас како да се враќа назад, кога немавме никаква вклученост во системот…Дали има некој слух за нашите проблеми…До кога?….