24.8 C
Skopje
недела, март 9, 2025

Мицкоски: Во Европа нема со криминални иновации, со евро за Вицето и евро за црквата

Мицкоски се огласи на Фејсбук по посетата на Центар Жупа и Ростуше.

– Бев во Центар Жупа и во Ростуше. Овде огромен проблем е иселувањето на луѓето и безперспективноста. Овде не поминуваат приказните на Заев и Пендаровски за некаква розева слика, розева реалност, за некаква европска иднина до која никако не може да не однесат. Во Европа со амнестирани криминалци нема, во Европа нема со криминални иновации, со евро за Вицето и евро за црквата. Жално е секојдневието на луѓето од овие краишта. Уште пожална е иднината со овие луѓе на власт. Државата пропаѓа и се соочува со масовно иселување. Затоа мора да се даде надеж, да се донесе правда, да се победи стравот и да се верува дека Македонија ќе успее. А ние заедно ќе го оствариме тоа, напиша лидерот на опозицијата.