Загина маж во сообраќајка во Ново Лисиче

Вечерва во скопската населба Ново Лисиче маж бил прегазен од автомобил.

Несреќата се случила на булеварот „Видое Смилевски Бато“.

Во моментов полицијата врши увид и се чекаат дополнителни информации.

Според првичните информации се работи за постар маж кој починал на самото место.