Полицијата во Албанија разби мрежа за трговија со луѓе и притоа уапси 15 лица.
Групата дејствувала во Тирана и Скадар од каде на луѓе им наплаќала по 20.000 долари по човек за да ги префрли во Мексико. Потоа за нив подготвувале фалсификат документи за да влезат во САД.
На овој начин биле пренесени во САД повеќе од 50 луѓе.