Британското бродоградилиште на нуклеарни подморници накратко евакуирано

Бродоградилиштето во местото Бароу-ин-Фернес, во северозападна Англија, каде што се градат новата генерација британски нуклеарни подморници повторно е отворено, откако кусо беше евакуирано поради инцидент, соопшти компанијата од воената индустрија „BAE Systems“.

„По опсежното пребарување на Девоншир Док Комплекс (DDC), вклучително и четирите подморници од ласата Астута, ништо сомнително не е пронајдено. Очекуваме дека ќе можеме да го затвориме инцидентот набрзо“, соопшти компанијата.

Во дописот до медиумите не се наведува за какво инцидент станува збор, но неименуван извор за локалниот портал The Mail, дека евакуацијата следела по предупредување дек во една подморница се наоѓала бомба. Возила на итната медицинска помош и полицијата биле повикани во бродоградилиштето.

Бродоградилиштето во Бароу-ин-Фернес гради четири подморници со балистички проектили од класата „Дредноут“, која од 2028 година ќе ги замени подморниците од класата „Вангард“. Подморниците од класата „Вангард“ ја сочинуваат основата на британскиот нуклеарен потенцијал, но се застарени.

Подморниците од класата „Дредноут“ ќе бидат долги 153 метри, а депласманот изнесува 17,200 тони, и има PWR3 нуклеарен реактор. Компаниите „BAE Systems“, „Rolls Royce“ и „Babcock“ се главните партнери во проектот за новите подморници кој чини 31 милијарда фунти.