Одземено еквадорското државјанство на Асанж

На основачот на разобличувачкиот интернет ресурс WikiLeaks, Австралиецот Џилијан Асанж, уапсен во четвртокот во Лондон откако му беше ускратен дипломатскиот азил, одземено му е и еквадорското државјанство, изјави во Кито, еквадорскиот министер за надворешни работи Хозе Валенсија.

„Документите за еквадорското државјанство од 2017 година се укинати во средата по одлука на министерството за внатрешни работи, поради бројните неправилности во текот на процедурата“, изјавил Валенсија на прес-конференција.

Еквадор ги обвини Асанж и WikiLeaks и дека учествувале во наводен обид за дестабилизирање на земјата.

„Имаме докази дека учествувале во обидите за дестабилизација на владата“, објавила министерката за внатрешната работи Марија Паула Ромо. Притоа, поединечно го навела Асанж, двајца руски хакери кои живеат во Еквадор, како и трето лице кои исто така живее во Еквадор, а е високопозициониран член на WikiLeaks.