
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, остро реагираше на пишувањата во медиумите дека со новите законски измени во Законот за антидискриминација се планира, терминте мајка и тато да се заменат со родител 1 и родител 2.
Таа деменатирајки ги овие гласини, дури посочи дека станува збор за лажни вести кои во Македонија се ширеле побрзо од вистинските.
Но, многу брзо, наводните лажни вести стана реалност, а демант од министерката овојпат нема.
Веќе извесен период во училиштат низ Македонија, по случаен избор се делат прашалници од Државниот испитен центар, наменети за учениците, но и за нивните родители, а во него, во одговорите кои треба да ги дадат родителите има обележано простор за „родител А” и „родител Б”, наместо мајка и татко.