
Годинава 20 родители добиле прекршочни пријави поради невакцинирање на своите деца.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека 11 од нив завршиле на суд, а останатите платиле парична казна која се движи од 300 до 650 евра.
Во земјата уште е на сила забраната за прием на деца во градинки, а министерот за здравство најави дека нема да дозволи во мај да бидат запишани првачиња кои не се вакцинирани.
За разлика од кај нас, во соседна Србија размислуваат за ригорозни мерки во делот на вакцинација. Министри и политичари дебатираат дали треба да одземаат родителски права доколку децата не ги примиле неопходните вакцини.
Имаат дури и случаи во здравствени установи каде матични педијатри ги враќаат картоните на невакцинираните пациенти.