ЕУ и САД почнуваат трговски преговори

Владите на земјите членки на ЕУ се договорија да почнат официјални трговски преговори со САД, истакна неименуван извор од Унијата.

Европската комисија, која ја координира трговската политика на 28-те членки на ЕУ, побара одобрување за два преговарачки мандата.

Едниот мандат ќе биде фокусиран на намалување на тарифите за индустриските производи, а другиот да им се олесни на компаниите да покажат дека нивните производи ги исполнуваат стандардите на ЕУ или САД.