ВИДЕО: Семејна куќа експлодираше за време на ТВ пренос

Семејна куќа во Њу Хемпшир експлодираше за време на телевизиски пренос.

Притоа е убиен полицаец кој по задачата стигнал во куќата откако добил дојава за семејно вознемирување.

Се претпоставува дека на полицаецот пукал Мајкл Нолан кој загинал во пожарот, а полицијата се сомнева дека тој е виновен за истиот.

Полицијата, брзата помош, пожарникарите и телевизиските екипи веднаш стигнале на местото на настанот. Експлозијата била регистрирана додека се вршел ТВ пренос во живо, а пожарот се проширил и ја зафатило блиската шума.