Семенија ќе се венча со жена

Светската шампионка на 800 метри од Берлин и освојувачка на сребрениот медал од Олимписките игри во Лондон, јужноафриканската атлетичарка Кастер Семенија ќе се венча со нејзината парнтерка и колешка Виолет Расебоја.

Оваа вест ја објави британскиот весник “Дејли Сан” . Според информацијата која ја пласираше весникот, Семенија веќе ја побарала раката на Расебоја, а родителите на двете атлетичарки се пресреќни во пресрет на свадбата.

Семенија стекна голема популарност во 2009 година , кога се закити со титулата на 800 метри на Светското првенство во 2009 година. Тогаш нејзината победа беше засенета од скандалот кој изби заради нејзиниот пол . Таа беше подложена на тестови за утврдување на полот и цела година немаше право да се натпреварува, односно додека не се докаже дека е жена.