
Според одлуката на Европскиот суд за човекови права Турција мора да плати 90 милиони евра за штетите направени при инвазијата на Кипар во 1974година.
Пресудата е еден од најголемите што некогаш биле пресудени од страна на судот.
Било речено дека дека штетите се компензација за загубите претрпени за време на инвазијата.
Кипар е поделен од 1974 година , кога Турција извршила инвазија на север како одговор на воениот удар на островот кој беше поддржан од страна на владата на Грција.
Оттогаш, северната третина од Кипар е воглавно населена со Турци, а јужните две третини населени од кипарските Грци.
Европскиот суд за човекови права пресудил дека Турција се уште е одговорна за штетите , и покрај тоа што е поминато подолго време.
Судот пресудил дека Турција треба да плати 30 милиони евра за страдањето кое го претрпеле роднините на луѓето кои биле исчезнати за време на инвазијата.
На Турција и е наредено да плати уште 60 милиони евра за страдањето на кипарските Грци кои живеат на полуостровот Карпас – енклава во рамките на северен Кипар.
Турција се уште има околу 30.000 војници стационирани на островот, и тоа е единствената земја која го признава северниот дел на Кипар како посебен ентитет.
Мировните сили на ОН проценуваат дека 165.000 кипарски Грци избегале или биле протерани од северниот дел и 45.000 кипарски Турци од југ, иако страните во конфликтот велат дека бројките се повисоки.
Грчките и Турските лидери на Кипар се ангажирани во нов круг разговори со цел усогласување на разликите и повторно обединување на островот.