
Се олеснува процедурата за плаќање на административните такси во општина Кисела Вода.
На едношалтерскиот систем се инсталирани пост-терминали со кои граѓаните на брз, лесен и сигурен начин, без да одат во банките можат да платат за услугата.
Општинската администрација е веќе обучена и услугата функционира.
Наскоро, на овој начин ќе може да се наплаќа и данокот, а потоа и сите останати давачки кон општината, со што Кисела Вода прави уште еден чекор во остварувањето на идејата за современа и ефикасна администрација која е целосно во служба на граѓаните.