
Веднаш откако граѓанскиот штаб на кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова откри дека СДСМ има спорна апликација за андроид телефони поставена на сервисот Гугл Плеј, владеачката партија ја избриша истата.
Апликацијата „IZBORI 2019 KC SDSM“ која што ја користеле активистите на партијата на премиерот е избришана само половина час откако членот на тимот на професорката Силјановска Давкова, Горан Момироски, откри документи кои индицираат дека СДСМ со помош на апликацијата прибирала и складирала лични податоци за граѓани.
Апликацијата која што до утрово беше активна на Гугл Плеј (Google play) сервисот за андрод апликации се уштe се гледа на пребарувачот Google, но веќе не може да се симне од Google Play.
Граѓанскиот штаб на професорката Силјановска Давкова денеска од Јавното обвинителство, ДИК, МВР, ОБСЕ – ОДИХР побара да ја блокира апликацијата и да го одземе серверот каде што податоците од апликацијата се складирале.