Граѓански штаб на Силјановска: СДСМ да си најде добри адвокати

СДСМ да си најде добри адвокати.

СДСМ е во паника и тоа со причина! Фатени се живи во обид да крадат лични податоци со кои би вршеле дополнителни притисоци врз гласачите.

СДСМ се толку збунети што првин демантираат дека таква апликација постои, а после самите се негираат и велат дека била наменета само за нивни членови.

Фактот што кратко по изјавата на граѓанскиот штаб на Гордана Сиљановска – Давкова  за спорната апликација за која се бара реакција од Јавното обвинителство, апликацијата е избришана од сервисот Google Play  доволно говори за проблемот со кој се соочува Македонија.

Кој ја инсталирал и кој денеска ја избришал апликацијата со назив IZBORI 2019 KC SDSM ќе утврдат надлежните институции пред се Јавното Обвинителство и Државната комисија за заштита на личните податици за кои се надеваме дека уште денеска во соработка со МВР презеле соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.

Граѓанскиот штаб на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова им сугерира на одговорните во СДСМ да најдат добри адвокати и да ги информираат сите вклучени во оваа спорна партиска активност дека ќе одговараат за секое прекршување на законот.

Во исто време ги повикува сите членови на тимот кој што ја спроведувал операцијата за нелегално прибирање на лични податоци и мета дата да се консултираат со правните застапници за нивниот дел од одговорноста.

Нарушување на приватноста, злоупотреба на лични податоци и нарушување на изборниот процес се сериозни кривични дела за кои не може никого да  амнестира.

Правната држава во Македонија мора да се воспостави, овие избори и победата на професроката Гордана Сиљановска давкова и покрај нечесниот и нелегален обид на власта ќе докажат дека граѓаните се против партиски инсталации кои го кршат законот и основните уставни начела.