Милијарда долари во Uber ќе вложат Toyota, SoftBank и Denso

Јапонскиот производител на авомобили „Toyota Motor“, добавувачот на автомобилски делови „Denso“ и фондот „Softbank Vision“ најавија во петокот дека ќе вложат милијарда долари во американската технолошка компанија а посредување во превозничките услуги „Uber“.

Одлуката за вложување во новата на дејност нa „Uber“, групацијата „ Advanced Technologies“ (Uber ATG) , е донесена „за да се забрза развојот и комерцијализацијата на услугите на споделување на превозот со високо автоматизирани возила“, се истакнува во соопштението на „Toyota Motor“.

Најголемиот јапонски производител и „Denso“ заедно ќе инвестираат 667 милиони долари, додека фондот „Softbank Vision“ 333 милиони долари, со што вредноста на новата дејсност на „Uber“ ќе се искачи на 7,25 милијарди долари.

Минатиот август „Toyota“ вложи 500 милиони долари во „Uber“, а денеска порачаа дека нивното ново вложување и проширувањето на партнерството „ќе ги подготви компаниите и целата автомобилска индустрија за масовно проиводство и комерцијализација на автоматизираните автомобили наметени за заеднички превоз и соодветните услуги“.

Јапонскиот автомобилски концер планира во следните три години во новата дејност на „Uber“ да вложи уште 300 милиони долари за да ги покрие трошоците поврзани со тие активности.