
Експерите од американскиот Универзитет Синсинати и од Кинескиот универзитет за геонауки открија дека вулкански ерупции се вистинската причина за масивното Пермско-тријашко изумирање познато и како Големото изумирање, се наведува во статијата објавена во списанието Nature Communications.
Научниците откриле во наслагитем чијашто старост е проценета на околу 252 милиони години, траги од жива испуштена во атмосферата на планетата во текот на согорувањето на ресурсите од јаглен во кои се акумулира овој метал. Потоа живата заедно со дождот паднала во тогашниот Светски океан, а потоа и во морските седименти ширум светот, кои ги проучувале научниците.
Исто така, научниците откриле дека центарот на ерупциите се наоѓал на територијата на денешен Сибир, таканаречените Сибирски трапови. Ерупциите траеле стотици илјади години, при што немало само вулкански туку и од обичните пукнатини во земјината кора. Покрај тоа, во атмосферата биле испуштени околу три милиона кубни километри пепел, што довело до зголемување на просечната температура на Земјата за околку десет Целзиусови степени.
Како резултат на тоа, се јавило нарушување на синџирот на прехранување и се зголемила киселоста на морето, што довело до изумирање на околу 96 отсто од морските видови, 73 отсто од копнените ‘рбетници и 83 отсто од инсектите, а нарушувањето на биодиверзитетот траело околу 60 илјади години.