
Бостон Селтикс се на чекор до пласманот во вториот круг од плеј-офот на НБА лигата, откако во синоќешниот трет дуел славеа со 104:96 кај Индијана Пејсерс.
Пејсер настапија без својот најдобар играч Виктор Одалипо. Селтикс водеа во текот на речиси целиот меч и на крајот заслужено славеа предводени од 23 коша на Џејлен Браун. Кај Пејсерс најдобар беше Тирек Ивенс со 19 кош.
Бостон води со 3-0 во серијата до четири победи во првото коло од Источната конференција. Следниот натпревар се игра исто така во Индијанаполис, а на Селтикс им е потребен уште еден успех.
На Истокот гостинска победа забележаа и Торонто Репторс кои со 98:93 беа подобри од Орландо Меџикс. Канадскиот тим го предводеше Паскал Сиакам со 30 поени и 11 скокови, а Кејл Леонард додаде 16 коша. Кај домашните се истакнаа Теренс Роуз со 24 коша и Никола Вучевиќ со 22 поени и 14 скокови.
Следниот дуел се игра во Орландо, а во моментов со 2-1 во серијата во водство е Торонто.
Во Западната конференција синоќа Оклахома Сити Тандерс со победата од 120:108 над Портланд Трејл Блејзерс дојдоа до првата победа во серијата и намалија на 1-2. Прв играч на мечот беше Расел Вестрбрук со 33 поени и 11 асистенции, а Пол Џорџ додаде 22 коша. Кај гостите 32 коша постигна Демиен Лилард.