Белгијци ја прескокнале оградата и влегле во Генералштабот на АРМ

Двајца белгиски државјани во саботата биле фатени на територијата на Генерлштабот на македонската армија во централното подрачје на Скопје, и притоа објасниле дека заталкале и ја прескокнале оградата.

Министерството за внатрешни работи во неделата соопшти дека ги идентификувало двајцата белгиски државјани како 24-годишниот М.Л. и 27-годишниот Р.Р.Г. кои  влегле во дворот на Генералштабот на улицате „Орце Николов“.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и лицата изјавиле дека залутале и ја прескокнале оградата. Се работи на расчистување на случајот.