
Неофицијалните информации од опозициската партија за досега обработените речиси 44,5 отсто покажуваат дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ води со околу две илјади гласови.
Според овие податоци, кандидатот на Алијансата за Албанците и Движењето Беса, Блерим Река освоил над 30.000 гласови, Гордана Силјановска Давкова 169.83934 гласови сови, а Стево Пендаровски 167.690 гласови.
Според показателите и на сајтот на ДИК, каде со олоку 2 процентни поени е во водство Пендаровски, забележливо е дека Силјановска Давкова во општините каде што е во водство има огромна предност.
Од обработените изборни места Силјановска води во поголемиот дел општини- Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода…