ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски: Бранот на промени е тргнат, Македонија бара правдина

Граѓаните вчера ги поразија антидржавните политики на Заев и Пендаровски. Граѓаните порачаа дека не поддржуваат криминал, корупција и непотизам.Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ги поразија СДСМ, ДУИ и уште 30-тина партии кои застанаа зад Пендаровски.

Бранот на промени е тргнат. Македонија бара право и правдина, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Стево Пендаровски.

Граѓаните покажаа храброст и желба за подобра иднина. Гордана Силјановска Давкова е кандидат кој обединува, носи подобра иднина и гарантира почитување на уставот и законите. Заев и Пендаровски изгубија и тие го знаат тоа. Доволен знак се нивните панични реакции и бледи прес конференции како вчера така и денес. Граѓаните ќе им го зададат крајниот удар на Заев и Пендаровски на 5-ти мај., се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.