![mkd-275418](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/mkd-275418.jpg?resize=696%2C330&ssl=1)
Во 18:20 часот во СВР Битола вчера било пријавено дека во с.Острец, битолско, на гласачко место бр.156, С.Ќ.(26) од с.Велушнина со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 163 став 1 од Кривичниот законик.
Нешто подоцна во 18:50 часот во Полициската станица Гевгелија вчера било пријавено дека на гласачко место бр.349 во Гевгелија, Т.Д.(34) од Гевгелија со мобилен телефон го снимил гласачкото ливче. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.