
Започна дигитализацијата на Ватиканската библиотека.
За остварување на првата фаза од дигитализацијата ќе бидат потребни 4 години и околу 20 милиони долари. Колекциите потекнуваат уште од времето на почетокот на издигнувањето на Католичката Црква.
Проектот ќе биде реализиран преку Јапонската компанија NTT Data Technology.
Проектот ќе опфати дигитализација на околу 3 000 документи, рачно напишани, кои содржат дури 82 000 ракописи на околу 40 милиони страници.
Ова ќе биде само дел од првата фаза, а во следните неколку фази се очекува и префрлање на се она што може да се најде во библиотеката која постои од 15-от век.
Помеѓу ракописите ќе се најдат и значајните дела од областа на математиката, правото, медицината, античката книжевност и средновековните ренесансни ракописи.
Целокупниот процес се предвидува да трае околу 9 години.