Силјановска Давкова: Жалам што Пендаровски ја откажа тв-дебатата, можеше нешто да научи за ЕУ

 Претседателскиот кандидат на владејачките партии Стево Пендаровски го откажал телевизиското соочувње со опозициската противкандидатка, информираше на својот акаунт на Twitter професорката Гордана Силјановска Давкова, што подоцна беше потврдено и во воведот на емисијата Топ тема на телевизија Телма.
Силјановска Давкова искажува жалење поради тоа што нејзиниот противкандидат го откажал учеството на дебатата на телевизијата Телма.

„Навистина жалам што Стево ја откажа дебатата планирана за денес на ‘Телма’. А можеше да научи нешто за ЕУ“, напиша Силјаноска давкова.

Гордана Сиљановска Давкова@gogamkd

Навистина жалам што Стево ја откажа дебатата планирана за денес на Телма.
А можеше да научи нешто за ЕУ.

Стево ајде повтори ? Телма кажа дека ти си ја ОТКАЖАЛ дебатата. Заев не ти е рамен, исти сте 102.5%

 

Stevo Pendarovski@SPendarovski

Професорке, повторно се служите со невистини. Но сега барам од @televizijatelma да ве демантира. Дебата не била закажана. Ваквите невистини нема да ве искупат за вашето реално бегање од најавената дебата на Жешко столче.

Мартиан@MartianFromMKD

Стево ајде повтори ?
Телма кажа дека ти си ја ОТКАЖАЛ дебатата.
Заев не ти е рамен, исти сте 102.5% pic.twitter.com/DGya4mfaLz

Embedded video

26 people are talking about this
86 people are talking about this