Фудбалерите на минхенски Баерн се пласираа во финалето на германскиот национален куп победувајќи го во Бремен со 3:2 домашниот Вердер.
Баерн поведе со голот на Роберт Левандовски во 36 минута, а неговото водство го удвои Томас Милер во 63 минута. Но Вердер за две минути го израмни резултатот откако во 74 и 75 минута прецизни беа Јуја Осако и Милот Рашица. Сепак, баварците го добија дуелот благодарејќи на вториот погодок на Левандовски во 80 минута од пенал.
Баерн во финалето ќе се сретне со РБ Лајпциг, кој во вторникот со 3:1 славеше кај ХСВ Хамбург.