
Турските власти уапсиле во средата маж за кој постојат сомневања дека е член на терористичката организација Исламската држава и за кој се веруваат дека планирал напад на одбележување на денот на сеќавањето на Првата светска војна на Галиполе на кој би требало вообичаено да присуствуваат стотици Австралијци и Новозеланѓани.
Осомничениот, државјанин на Сирија, е притворен во Текирдагу, северозападната провинција во близина на Галиполскиот полуостров, соопшти портпаролот на локалната полиција.
Секоја година Австралијци и Новозеленѓани патуваат во Турција поради одбележувањето на годишнината на неуспешниот неуспешен воен поход познат под кратенката ANZAC (Австралиски и Новозеландски воени сили) и да ги протераат тогашните сили на Османлиското цартство од Галиполе и Дарданелите. Во средата војници од Нов Зеланд, Австралија, Турција и на други земји одржаа неколку средби на полуостровот. Во четвртокот во мугрите Австралијците и Новозеленѓаните одржаа посебна утринска комеморација со која го одбележаа истоварувањето на силите на ANZAC.
Турски медиуми известија дека уапсениот маж се подготвувал за напад на комеморацијата за да се одмази за намадот врз двете џамии во Нов Зеланд. Портпаролот на полицијата не навел кој ден точно приведениот осомничениот планирал да го изведе нападите.
Џихадистичката организација Исламска држава е одговорна за неколку големи бомбашки напади во Турција почнувајќи до 2015 година, во кои се убиени повеќе од 200 луѓе. Иако се смета дека оваа милитанта група не е повеќе активна во Турција во поскледно време, властите сѐ уште спроведуваат рутински операции против лица за кои се сомневаат дека се членови на терористичката организација.
Одбележувањето на денот на сеќавањето на ANZAC годинава се одржува наскоро откако Австралија и Нов Зеланд го критикуваа турскиот претседател Реџеп Тајип Едроган поради неговите коментари откако напаѓач уби 50 луѓе во две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч на 15-ти март. Ердоган на локален предизборен собир по емитирањето на снимката од нападот рече дека напаѓачот ја имал за цел Турција кој во неговиот манифест објавен на интернет вели дека сите Турци би требало да бидат отстранети од европскиот дел на Истанбул.
Австралиецот Брентот Тарант, 28-годишниот бел супремацист, обвинет е по 50 точки од обвинението за убиство во најголемиот масовен напаод на Нов Зеленад.