
Нов претседател на Судскиот совет е судијата Киро Здравев, одлучија денеска едногласно членовите на Судскиот совет. За заменик на Здравев е избран Селим Адеми, кој во 2013 година по предлог на Собранието на Република Македонија беше избран за член на Судскиот совет. Киро Здравев, кој е судија во Врховниот суд, за член на Судскиот совет е избран во 2018 година.
Врховниот судија Киро Здравев за нов претседател беше избран со 12 гласа „за”.
Здравев доаѓа на местото на Зоран Караџовски на кого утре му истекува мандатот.