Хани од ДУИ: Пендаровски легитимитетот за кандидат го доби во Мала Речица

Синоќа во „ClickPlus“ на ТВ21 дебатираа претставници на ДУИ, БЕСА, Алтернатива и Алијанса за Албанците, каде главна тема беа претседателските избори и последните случувања во ИВЗ.

Меѓудругото Тахир Хани, заменик генерален секретар на Владата од редовите на ДУИ рече дека Пендаровски легитиметот и зелена карта за кандидат за претседател ја добил во седиштето на ДУИ во Мала Речица.