
Маж отворил оган во саботата во синагога во местото Поувеј северно од Сан Диего во американската сојузна држава Калифорнија, и притоа ранети се повеќе лица, извести локалната полиција.
Локалниот телевизиски канал KGTV јавува дека во локалната болница се пренесени четири повредни лица.
„Маж е приведен на испрашување поради поврзаност со пукањето во синагогата во градот Поувеј. Има повредени“, напиша на Twitter окружниот шериф Бил Гор истакнувајќи дека во истрагата во оваа област е во тек.
Локалното население е повикано да се оддалечи од подрачјето околу синагогата. Во 11 часот по локално време во синагогата бребало да се одржи обредот по повод Пасха.
Според телевизиската мрежа Fox News, засега неидентификуваниот маж отворил оган кон лицата кои оделе во синагогата Чабад, околу 11,30 часот по локално време, односно 21,30 часот по македонско.