Над 270 мртви поради прекумерна работа на изборите во Индонезија

Десет дена откако Индонезија ги одржа најголемите еднодневни избори во светот, повеќе од 270 луѓе починале од болести поврзани со прекумерната работа поради повеќечасовното пребројување на милиони гласачки ливчиња, објавија властите во неделата.

Изборите беа одржани на 17-ти април во земјата со 260 милиони жители, а првпат беа заедно спроведени претседателските и изборите за националниот и за покраинските парламенти, за да се намалат трошоците.

Гласањето главно мина мирно, а изленоста беше околу 80 отсто од 193 милиони Индонежанци со право на глас, коишто мораа да исполнат по пет гласачки ливчиња на 800.000 избирачки места.

Меѓутоа, спроведувањето на пребројувањето на гласовите во само осум часа во земјата коајшто се простира на речиси 5.000 километри од истокот до западот, се покажа како извонредно напорен логистички подвиг, а во краен случај и смртоносен за некои службеници кои гласачките ливчиња ги пребројувале рачно.

До саботата вечерта починале 272 службеници, главнмо од прекомерните часови работиа, а 1.878 други биле испратени на боледување, соопштил портпаролот на Генералната изборна (KPU), Ариеф Пријо Сусанто.