Големо знаме на Албанија се развеа на Самоиловата тврдина во Охрид

Огромно знаме на Албанија  попладнево беше поставено на бедемот од Самуиловата тврдината во Охрид . Истото е видливо од повеќе страни во Охрид.

Според засега неофицијални информации, знамето го поставиле неколку млади лица, но која е причината, се уште е непознато.

Случајот е пријавен во  СВР Охрид, а оттаму велат дека работат на расветлување на случајот.

На социјалните мрежи се појави уште една фотографија на другиот дел од Самоиловата тврдина, каде се гледаат лица облечени во албанска носија кои се фотографираат со големи албански знамиња на видиковецот од тврдината.